MacédoineLoi sur la désignation des noms de rues, des places, des ponts et autres installations d'infrastructures (Dispositions linguistiques) Version de 2013 |
Cette loi est entrée en vigueur le 9 octobre 2004, mais elle a été modifiée en 2007, 2010, 2011, 2013 et 2015. C'est la version de 2013 que nous trouvons ici.
Закон за определување на имиња на улици,
плоштади, мостови Член 1 Со овој закон се уредуваат условите и начинот на определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, нумерирање на објектите наме- нети за живеење и работа, поставување и одржување на табли со имиња на улиците и куќ- ните броеви, како и водење на регистар и евиденција на имиња на улици и куќни броеви. Член 2 1) Под улица, во смисла на овој закон, се сметаат улица, булевар, кеј и уличен крак подолг од 100 метра со една раскрсница кој се приклучува кон друга улица (во натамошниот текст: улица). 2) Под други инфраструктурни објекти, во смисла на овој закон, се сметаат трговски центар, подземен премин, надземен премин, парк и фонтана (во натамошниот текст: други инфраструктурни објекти). Член 4 1) Определување име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината се врши со одлука донесена од советот на општината, а за подрачјето на градот Скопје, со одлука донесена од Советот на градот Скопје. 2) Одлуката од ставот 1 на овој член се усвојува со мнозинство гласови од присутните членови на советот на општината, односно на Советот на градот Скопје, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината, односно во градот Скопје. Член 5 1) Името на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачје на општина, односно на подрачје на градот Скопје може да биде определено со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум , врз основа на листа на имиња. 2) Листата од ставот 1 на овој член ја утврдува советот на општината, односно Советот на градот Скопје, по претходно добиена согласност од Владата на Република Македони- ја. 3) При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата. Член 7 1) Име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. 2) Во општината во која најмалку 20% од граѓаните користат друг службен јазик разли- чен од македонскиот јазик, името на улицата, плоштадот, мостот и на друг инфраструкту-рен објект, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, се пишува и на јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните во таа општина. |
Loi sur la désignation
des noms de rues, des places, des ponts Article 1er Article 2 Article 4 2) La décision visée au paragraphe 1
du présent article est adoptée à la majorité des voix des membres
actuels du Conseil municipal, c'est-à-dire du Conseil de la Ville de
Skopje, où il doit y avoir une majorité des voix des membres actuels
du Conseil appartenant aux communautés qui ne constituent pas la
population majoritaire dans la municipalité, c'est-à-dire dans la
ville de Skopje. |